Долгогодишниот новинар и колумнист на порталот „Експрес.мк“ Горан Момировски денеска беше повикан на распит во МВР затоа што го објави првото продолжение од скандалознииот тендер во М-НАВ од во кој бил инволвиран генераглниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
По распитот, Момировски со кратка порака на Фејсбук:
„Другарчиња фала за поддршката. Ок е се. Инспекторот коректен, и нему не му е лесно.
Ме прашаа кој, како, што, кога и зашто во случајот Рашковски, тендер и МНАВ , јас им кажав и засега се разделивме.
Следната фаза ја очекувам со нетрпение.
(…)
П.С.
Мора да е случајност додека премиерот збори за дисциплинирање новинари, двајца од нив да бидат на распит во МВР
На распит претходно дернеска беше повикан и уредникот на „Економски лидер“, Љупчо Златев од кој беше барано да го открие изворот за написот во врска со истиот случај.
На ова денеска реагираше Здружението на новинарите на Македонија






