И кинескиот претседател непожелен на погребот на Елизабета Втора

„Најголем настан што дипломатската служба некогаш го видела“ ќе биде погребот на кралицата Елизабета Втора, изјави поранешен висок британски дипломат за Би-Би-Си.



Се очекува да присуствуваат околу 500 шефови на држави, премиери и високи дипломати, но меѓу поканетите нема претставници на Русија, поради интервенцијхата во Украина.

Но, британските дипломати се спротивставија на поканата на кинескиот претседател. Жалба поднеле и група пратеници на кои им беше забрането да патуваат во Кина поради нивната кампања против кинеската акција против Ујгурите.

По нивната реакција беше „откриено“ дека Кина ќе ја претставува потпретседателот Ванг Кишан.

Ванг Кишан всушност ќе биде највисокиот азиски политички лидер на погребот.

Форин офис одбива да го објави целосниот список на гости во оваа фаза од безбедносни причини, а многу лидери од Блискиот Исток, освен израелскиот претседател Исак Херцог, не ги открија своите планови. Сепак, потврдата од емирот на Катар Тамим бин Хамад ал-Тани сугерира дека ќе присуствуваат и други водачи од Заливот.

Не се поканети претставници на Русија, Белорусија, Мјанмар, Сирија, Венецуела и Авганистан.