Силно невреме со пороен дожд и грмежи синоќа ги зафати Кавадарци и околината.
Очевидци велат дека за кусо време, улиците на градот се претворија во поројни реки кои носат камења, дрва и секаков отпад.
Градоначалникот на општината, Митко Јанчев, синоќа информираше дека општинските екипи излегле на терен за да ги расчистуваат последиците од невремето.
„Службите на Ј.П. Комуналец Кавадарци и покрај интензивното невреме од дожд кое го зафати Кавадарци, работат на чистење на патот во Катуниште, Бошавијата, Моклиште, Глишиќ и многу други локации во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони“, објави Јанчев.
Граѓани споделија снимки од невремето на социјалните мрежи.







