Кастриот Реџепи, пратеникот на „Беса“ кој „исчезна“ на денот кога опозицијата со 61 потпис иницираше гласање за доверба на владата бидејќи добил порака од „висок ЕУ функционер, дека Макдонија ќе почне преговори на 16 декември, се согласува со влегување на опозициската „Алтернатива“ во владата.
„Мојот став и акција беше да се обезбеди континуитет и стабилност во овој многу важен период за земјата и народот. Се наоѓаме во време кога се прават максимални напори да се добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. На земјата и е потребна институционална и општа стабилност за да се соочи со пандемијата и предизвиците во енергетската сфера. На крајот, би сакал да изразам жалење за индивидуалните постапки на некои мои поранешни сопартијци, кои без да донесат одлука во партиските органи, го исклучија Движењето Беса да биде протагонист во овие процеси како дел од прогресивните сили. Ова е невиден преседан“, нагласи поранешниот член на Беса.







