Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, жесток противник на Преспански договор, на својот профил на „Твитер“ изрази засраменост од тоа што денеска се случуваше во македонското Собрание околу уставните измени.
„Кој би помислил дека во Европа на вредности и демократија кој не гласа по наредба е затворен, а кој се согласува добива бонус од 2 милиони евра црни пари. Се срамам“, напиша лидерот на партијата Независни Грци, лидер на помалиот коалициски партнер во Владата на Алексис Ципрас.





