И Каменос задоволен од резултатите

Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос во твит во недела вечер со задоволство го прогласи референдумот во „ФИРОМ“ за неуспешен поради слабата излезност.



Лидерот на ултра-десничарската партија Независни Грци (АНЕЛ), помал партнер во владата на Ципрас, уште еднаш повтори дека неговата партија никогаш не би гласала за ратификација на спогодбата од Преспа во грчкиот парламент, дури и да беше успешен.