„Оние кои изразуваат неодговорни ставови кон нашата земја би требало да знаат дека не постои простор за договор“, изјави Панос Каменос во врска со изјавата на Зоран Заев.
Грчкиот министер за одбрана реагираше на, според грчки медиуми, провокативните изјави во врска со можноста за учење “македонски” јазик од страна на “Македонците” во Грција, за што зборуваше македонскиот премиер во парламентот во саботата.





