Не само прифаќањето на заедничката историја туку и јазикот кој бил западнобугарски дијалект е услов Бугарија да ја признае Македонија како реалност, објасни шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во интервју за бугарската телевизија Канал 3.



Захариева рече дека „имаме интерес и тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес“, а на новинарскоп прашање околу македонскиот јазик додаде:

„ Да, и јазикот, тоа е се поврзано. Толку документи има. Напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик“ , вели Захариева.