Масовен протест за поддршка на Ламбе Алабаковски, најави за вечерва во 18 часот пред полициската станица во Битола, политичката партија „Левица“.
Под мотото „И јас сум Ламбе“ на социјалните мрежи дел од јавноста изразува силна поддршка за македонскиот пејач, осомничен дека ја запалил влезната врата на клубот „Иван Михајлов“ во Битола.
Осум дена притвор за Ламбе Алабаковски
По вчерашното разоткривање на сторителот, огромно мнозинство граѓани му дадоа поддршка на Ламбе.
Организаторот на вечерашниот протест, партијата Левица, бара слобода за Ламбе, кривично гонење на претседателот на клубот и испраќање на протестна нота до бугарскиот амбасадор во Македонија.






