Владата ќе ги замрзне цените на оризот и јајцата на ниво од почетокот на овој месец.
„За замрзнување на маржите, утре на седница на Влада ќе се донесе одлука за замрзнување за оризот и јајцата, со цени кои биле претходно во текот на овој месец. За шеќерот и за брашнато, согласно податоците од Царинската управа за увозот и податоците од производителите, има намалувања на цените и нема да преземеме мерки. Во наредните денови очекуваме цените само да паѓаат. Ако тоа не се направи од трговците ќе следат дополнителни одлуки за цената на брашното“, рече министерот Крешник Бектеши.
Министерот уверува дека нема да дозволи зголемената побарувачка да ги крене цените за време на претстојните празници.
„За цената на јајцата најевтини сме во регионот, побарувачката е голема. Зголемување на цените заради зголемена побарувачка заради Велигден и Рамазан Бајрам нема да дозволиме“, најави министерот.
Цените на јајцата и на оризот Бектеши вели дека ќе бидат пониски од оние што се денес на пазарот, пренесе Макфакс.







