Што значи падот на бруто општествениот производ на Македонија од 12,7 проценти во вториот квартал годинава покажува споредбата со Италија, чија економија падна 12,4 отсто, а таа е шестата најпогодена земја од Ковид-19 во светот со 35.553 починати лица до денеска.
Помалку падна и економијата на Бразил, втор по бројот на мртви и трет по бројот на заболени од коронавирус, кој забележа минус од 9,7 отсто.
Од земјите во опкружувањето помала штета од април до јуни во однос на Македонија коронакризата предизвика и врз економиите на Србија (-6,5 отсто), на Бугарија (-8,5 отсто), на Романија (-10,5 отсто), на Турција (-11 отсто) итн.





