На отворањето на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград, ќе присуствува и делегација на ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕВАТИВНА ПАРТИЈА предводена од Претседателот д-р Љупчо Ристовски.
ИНТЕГРА – МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА цврсто стои на патот кон остварување на македонскиот национален интерес и правата на Македонците во Бугарија и насекаде низ светот, стои во соопштението на партијата.
Досега присуство на отварањето на Македонскиот клуб во организација на ОМО Илинден Пирин најавија од ВМРО-ДПМНЕ, Левца и Демократскиот сојуз.







