Холандија ќе им се придружи на САД и Германија во испраќањето системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Украина, изјави премиерот на земјата Марк Руте на средбата со американскиот претседател Џо Бајден, пренесува „Киев Индипендент“.
„Мислам дека е важно да се приклучиме на овој план и за тоа разговарав утрово и со Олаф Шолц од Германија“, изјави Руте на вчерашната средба со Бајден.
Системите „Патриот“ се најнапредното оружје за противвоздушна одбрана во американскиот арсенал, а Киев долго време бараше нивно снабдување.
САД објавија дека ќе го испорачаат „Патриот“ на Украина кон крајот на декември, пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон.
Украинските војници веќе се обучуваат во САД како да го користат системот.
Германија, исто така, испрати батерија Patriot во земјата на почетокот на јануари.
Изјавата на Руте доаѓа пред самитот за одбрана во Рамштајн на 20 јануари, каде се очекува западните сојузници да објават дополнителна воена помош за Украина.







