Поранешниот заменик-претседател на Движењето Беса, собра потписи и денеска, еден ден пред одбележувањето на 22-та годишнина од охридскиот „рамковен договор“ ја промовираше ниовата партија во „албанскиот блок“ – Европска демократска партија.
Таравари: 10 партии на Албанците, станавме предмет на исмевање…
…Пред нас е првиот чекор, првата битка, а тоа се уставните измени. Без да има епилог во уставните измени не можеме да кажеме како ќе се одвива политичката сцена.
Нормално ние очекуваме да поминат уставни измени бидејќи тоа е отворање на вратата за Европската Унија. Доколку не поминат уставните измени тогаш државата влегува во едно сценарио во кое навистина европската перспектива е загозена, вели Аријанит Хоџа, лидерот на новата политичка партија на Албанците во Македонија.







