Полициски хеликоптер од единицата при Одделот за воздухопловни единици во МВР, опремен со најсовремена опрема за гаснење пожари, делува на лице место во локализација на пожарот кој вчера избувна над атарот на селото Митрашинци, беровско, соопштија од Министерството за внатрешни работи.



Во координација со Територијалната противпожарна единица – Берово, припадници на ЈП „Македонски шуми“ – подружница Берово и голем број доброволци се очекува пожарот што поскоро да биде ставен под контрола за да се спречи ризикот од катастрофални последици, како оние од минатогодишниот пожар во беровско-делчевското подрачје кој заеднички го гасевме.

Катастрофалните пожари од 2021 година токму во овој регион, беа сигнал за МВР да набави најсовремена опрема со која хеликоптерите се оспособуваат за гаснење на пожар, со што ќе можат да одговорат на потребите на граѓаните.

Во пожарот кој вчера бил пријавен нешто по 13 часот гори нискостеблеста дабова шума во непристапен терен, а утрово на местото ќе пристигнат и пожарникари од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.

Надлежните индициите се сомневаат дека пожарот е подметнат.