И градоначалникот – шверцер со цигари доби награда – Твит на денот

Боро Стојчев, поранешниот градоначалник на општина Ново Село кој требаше да биде во затвор шест месеци поради обид за шверц со цигари е пуштен порано на слобода поради примерно однесување.



Ова беше доволно Стојчев кој пред 3 години бил правосилно осуден и за друго кривично дело на Твитер да добие “награда” која е симбол на срам.

Стојчев победи во тесна битка со градоначалникот на Демир Хисар од СДСМ инаку екс полицаец кој јавно им се закануваше на учителки дека ги прислушувал.