Рашела Мизрахи беше разрешена од функцијата министерка за труд и социјална политика во техничката влада поради прес-конференциите пред табла со натпис „Република Македонија“.
Денеска и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, одржа средба со новинарите пред табла со уставното име на државата пред промената на највисокиот законодавен акт.
Оттука се наметнува прашањето дали сега ќе понесе одговорност и кумановскиот градски татко од СДСМ како сменетата министерка од ВМРО-ДПМНЕ.







