„Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас“, објави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој до вчера инсистираше за прогласување на 14.дневен целосен карантин и затворање на Куманово.
„Ве охрабрувам заедно и дисциплинаро да продолжиме во борбаа, почитувајте ги мерките и одржувајте дистанца. Ќе продолжимењ со својата работа против короната по препораките на здравствените власти“ порача Димитриевски.
Во Куманово има 263 заболени и според последните официјално објавени бројки 10 починати.
Димитриевски вчера имаше средба со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите Венко Филипче и Арбр Адеми и Жарко Караџовски, претседател на комисијата за заразни болести.






