Се уште нема тендер за избор на фирма која треба да ја урне дивоградбата кај охридскиот Чинар, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нафи Усеини.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, на овој начин всушност ја поддржува изградбата на објектот кој сега е дојден до фаза на лепење на украсни плочки, а ентериерот на довоградбата на десет метри од чинарот продолжува, пишува А1.Он.





