По Фејсбук статусот на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, дека лично ургирал за помош до градоначалникот на збратимениот кинески град Нанчанг од каде ќе испратат 50.000 заштитни маски, реафгираше и Град Скопје.
За евентуална помош и донација на медицинска опрема од збратимениот град, Град Скопје имаше интензивна комуникација со градот Нанчанг и амбасадата на Република Македонија во НР Кина, како и со кинеската амбасада во нашата држава, велат од Град Скопје.
„Не знаеме дали господинот Коце Трајановски ургирал до збратимениот град Нанчинг во НР Кина за добивање на заштитни маски, но ако навистина е така, Град Скопје ја поздравува неговата ангажираност. Ова не е време за политика и фалење, туку е време за човечка помош во овие критични моменти“.
Од Град Скопје велат дека го организира и транспортот на донираната опрема, со цел истата што е можно побргу да стаса во нашиот град и биде од помош за надлежните градски и државни институции.






