Бугарскиот премиер Бојко Борисов и митрополитот Кипријан денска имале средба на кој бил прецизиран начинот на кој велигденскиот благодатен оган од Ерусалим преку Бугарија ќе биде пренесен во Македонија.
За прв пат, минатата година МПЦ го го доби благодетниот оган од Бугарија.
Оваа година старозагорскиот владика Кипријан ќе го донесе благословениот оган од Ерусалим во Бугарија. Во владиниот авион со бугарската делегација ќе патува и македонски епископ на барање на Македонската православна црква, јавува БГНЕС.
Митрополит Кипријан е шеф на Комисијата за решавање на статусот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ), која беше формирана на крајот на 2017 година по барањето на МПЦ-ОА, Бугарската православна црква да помогне за решавање на статусот.





