Германска мапа на население издадена од нацистичка Германија пред втората светска војна ги урна и онака слабите аргументи на налудничавата теза на Бугарија дека Македонците постојат од 1945 година.
Дури и нацистичките партнери на фашистичка Бугарија во мапата јасно укажуваат дека во Македонија пред втората светска војна речиси да нема Бугари и дека апсолутно мнозинско население се Македонците.
Картата „Југославија: Етнички приказ по региони“ (Jugoslawien: Volkliche Gliederung Mehrheitsgebiete) е издадена во 1940 година од Југоисточниот Германски Институт (Sudostdeutsches Institut) во Грац, објавува твитер профилот Македонија – вистинска бескрајна приказна.
Најголемиот удар за Бугарија во мапата е јасната дистинкција меѓу Македонците и Бугарите кои ги нема на македонската територија од тогашната кралска Југославија.
Нацистичка Германија јасно знаела за постоењето на македонскиот народ и преку вакви карти правела соодветни пресметки пред, за време и по воената инвазија на Балканот во 1941 година. Германските етнолози ги означиле Македонците на картата како засебен и мнозински народ во Македонија, се вели во твитот на човекот кој картата ја пронашол на еден од водечките американски универзитети Јел.
ГЕРМАНСКА КАРТА ОД 1940г.: МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕТСТАВЕНИ КАКО ЗАСЕБЕН И МНОЗИНСКИ НАРОД ВО МАКЕДОНИЈА pic.twitter.com/SBuyFN30mq
— Macedonia: a True Endless Story … (@MacedoniaTrue) May 7, 2022






