Француското национално собрание денеска на пленарна сесија го изгласа законот за ратификација на Протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО.
Расправата во Националното собрание се одржа по неговото усвојување од францускиот Сенат на 17 октомври.
По зеленото светло од Франција, останува Протоколот да го ратификува уште Шпанија. Очекувањата беа дека Протоколот ќе биде ратификуван од сите 29 држави членки до Самитот на Алијансата закажан за 3 и 4 декември во Лондон, но во Шпанија на 10 ноември се одржаа избори, а таму според процедурите новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.





