Авиокомпанијата „Флај Дубаи“ го одложи до март почетокот на летовите за Скопје.
Со тоа, земјава нема да биде директно поврзана со регионот на Персискиот Залив, откако неодамна „Катар ервејс“ ги прекина летовите за Скопје до следното лето, дознава СакамДаКажам.
„Во овој момент, услугите на ‘Флај Дубаи’ се очекува да продолжат на 29 март 2021 година, двапати неделно“, соопшти компанијата.
Авиокомпанијата почна да лета за Македонија во октомври 2012 година.





