И Фатиме Фетаи ќе ги бодри нашите во Букурешт

„Отсекогаш сум го сакала фудбалот. Однапред планирав да земам слободни денови од работното место за да можам да ги следам натпреварите против Австрија и Украина во Букурешт“, изјави за „Слободен печат“ Фатиме Фетаи.



Обвинителката, допатува утрово во Букурешт, каде што вечерва македонската фудбалска репрезентација ќе го има својот дебитантски настап на Европското првенство против Австрија.