„Фарма Медика Канабис“ е една од 15-те фирми кои добија лиценца и одгледуваат канабис во медицински цели.
Како сопственици на компанијата од Валандово се јавуваат братучедите на премиерот, Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и Трајче Заев.
Компанијата „Мам“ од Свети Николе која доби лиценца за одгледување на канабис е основана во 2011та како компанија за одгледување на зеленчук, а прв сопственик споственик е Зоран Додевски и трговското друштво Фитохемија.
Откакоја добива дозволата за одгледување на канабис, во сопствеништвото на компанијата влегува и словенечката Фрејхер со седиште во Љубљана.
Подоцна, во сопствеништвото влегува и струмичката компанија Еленица, а управители се Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев и Словенецот Томаж Фрелих. Во март лани, во сопствеништвото влегуваат и компаниите Зора од Охрид и Урбан План Конструктион од Тетово дознава Прессинг.мк.
Лиценца да водат бизнис со канабис за медицински цели добија 15 компании: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.





