Европската комисија соопшти денеска дека во јануари ќе биде одржана донаторска конференција за обнова во Албанија по земјотресот во кој загинаа 51 лице.
Според претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, земјите на ЕУ се обврзале дека ќе пружат помош за „долгорочна обнова“.
Над 113.000 луѓе останаа без покрив над главата по земјотресот кој оштети околу 14.000 објекти, а штетата и натаму се проценува.
Албанските власти побараа меѓународна финансиска помош за обновата која би требало да биде завршена до крајот на 2020 година.
Претхопдно, донаторска конференција организираше турскиот претседател Тајип Реџеп Ердоган кој ги повика муслиманските земји да ѝ помогнат на Албанија.





