И екс државен секретар во СДСМ удри по Бехтел и Енка

Екс државниот секретар во министерството за здравство во времето на Венко Филипче, Владимир Милошев удри по проектот Бехтел и Енка.



Докторот од Штип Владимир Милошев со хаштагот #загубенкомпас го оценува договорот на владата со американско-турската компанија Бехтел и Енка додека СДСМ и ДУИ не прават ништо за клиничката болница во неговиот град.

,,За коридор за кој нема ниту основен проект, веќе платени над 130 милиони евра….за завршување ( готов проект) и комплетно опремување на штипската Клиничка болница се потребни не повеќе од 30 милиони евра”, пишува докторот и максилофацијален хирург Милошев кој вели дека од функцијата заминал откако видел што се случува во СДСМ и владата.