И Египет сака во БРИКС

Египет аплицираше за членство во БРИКС, блок на економии во развој чии членови моментално ги вклучуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.



Една од иницијативите на групацијата во моментов е максимален трансфер на трговијата кон алтернативни валути, без разлика дали се национални или создавање на некаква заедничка валута.
Египет е многу заинтересиран за ова“, изјави рускиот амбасадор во Египет, Георги Борисенко.

Египет учествува во проширени преговори во рамките на блокот, наречени „пријатели на БРИКС“, кои ги вклучуваат Аргентина, Бангладеш, Габон, Демократска Република Конго, Индонезија, Иран, Казахстан, Коморите, Куба, ОАЕ и Саудиска Арабија.