Словенците, Унгарците, Полјаците, Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија, а во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“, да добијат свои празници, предлага група пратеници.
Во образложението за воведување на десет нови празници се наведува дека припадниците на овие заедници се организирани во соодветни здруженија на граѓани, со што го негуваат својот културен и етнички идентитет.
Се предлага, на пример, празник на припадниците на бугарската заедница да биде 22 септември, ден на независноста на Бугарија, а 28 октомври, ден на независноста на Грција, за припадниците на грчката заедница.
Со усвојување на предложените изменувања и дополнувања на Законот за празниците ќе се укине дискриминацијата и исклучувањето што го генерира Законот врз припадниците на заедниците кои се познати како „другите“ од Преамбулата, пишува „Плусинфо“.





