И директорка назначена од Илинденска во антивладиниот бунт против декларацијата за македонскиот јазик

По реакциите на македонисти од поголем број институции против едностраната декларација на владата за македонскиот јазик, Илинденска остана и без свој функционер назначен од владата на чело на институција од национален карактер.



Со поддршка за колегите македонсти денеска се јавила и директорката на Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков”, Елена Јованова Грујовска.

Директорката Грујовска според извори во владата во електронска порака до своите колеги им изразува поддршка за ставот дека едностраната декларација за македонскиот јазик е неточна и штетна за лингвистиката наука и може да има далекусежни последици по македонскиот јазик и наука.

Јованова Грујовска е избрана од Владата и досега имала целосна соработка на полето на македонскиот јазик и лингвистика.

Ова е прв случај функционер избран од владата јавно да се спротистави на нејзините политики поврзани со јазикот.

Што стои во реакциите на македонските лингвисти и македонисти против владината изјава…

Млади македонисти бараат владата да ја повлече изјавата која ги урива темелите на македонскиот идентитет