Странските дипломати и набљудувачите кои ги мониторираат гласачките места во Македонија веќе ги добиле сите потенцијални локации каде што може да има полнење на кутии во вториот изборен круг.
На листата се над 300 избирачки места за каде постои сомневање дека се подготвува полнење на избирачки кутии од страна на лица кои се координирани од најмалку две лице познати во јавноста.
Локациите се во најголем дел лоцирани во Скопско, Тетовско, Гостиварско, Кичевско, Струшко и други општини каде што и предходно имало изборни инциденти а за некои случаи имало и судски активности.
Странски извори велат дека дел од партиите во опозицијата ги имаат точните имиња и презимиња на луѓето кои што се врбуваат да полнат кутии и да вршат други незаконски активности.
На дел од овие лица непосредно веќе им било сугерирано дека нивните активности ќе бидат набљудувани од официјалните претставници на политичките партии и дека ќе бидат документирани сите обиди за прекршување на изборниот законик.
Дел од партиите го имаат целосниот план, структура и конкретни чекори по конкретни локации кој уште пред еден месец во детали го испланирале партиски активисти и функционери.
Овој план според добро упатени избори треба да биде активиран во точно одреден временски тајминг на денот на изборите на 5 мај.
За да се спречи спроведување на планот дел од партиите спровеле соодветни чекори кои ќе вклучуваат дистрибуција на содветни информации до меѓународни организации и институции, информирање на јавноста и поднесување докази за изборен криминал до МВР и Јавното обвинителство.
Под посебна лупа се и припадници на министерства и други државни инситуции кои што се дел од планот или пак се во дослух и контакт со лицата кои што можат да го прекршат Изборниот законик.
Пораката што пред изборите дојде од Брисел е дека фер и коректни избори се предуслов за добивање на датум за преговори кој сам по себе не е доволен за продолжување на евроинтеграциите но ако има инциденти земјата ќе добие исклучително негативна оценка што долгорочно ќе направи штета на имиџот на земјата.





