Надежта за изненадување била само пуста желба за подмладената ракометна репрезентација на Македонија, бидејќи Шведска и без деветмина стандардни репрезентативци славеше убедливо со 32:20 на стартот од 27. Светско првенство во Египет.
„Црвено-жолтите“ беа рамноправен противник само до средината на првото полувреме, кога со три гола во низа израмнија на 8:8, а веднаш потоа беше и 9:9, но тоа беше сè од нив на оваа средба.
Капитенот Кирил Лазаров одново беше најефикасен во македонскиот тим со пет гола, од кои три од седмерец.
В сабота од 18 часот избраниците на селекторот Данило Брестовац ги очекува домаќинот Египет, а шансата за пласман во групата од втората фаза објективно ќе ја бараат в понеделник против Чиле.





