И денеска топло, од утре заладување!

Сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност се учекува и денеска во Македонија, но кон крајот на денот и во текот на ноќта во крајните западни подрачја ќе има повремен локален дожд. 



Во Скопје, сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец со дневни температури до 32 Целзиусови степена.

Маврово 26, Охрид 30, Битола 33. Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 33, Дојран 35.

Утре времето ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните делови ќе има повремен дожд, а од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 19 до 32 степени.

Слично време се очекува утре и во Скопје.