Последниот ден од октомври ќе биде претежно сончев и релативно топол. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.






