На некои места во државата можно е невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.



Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје, слично време. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Стабилизирање на времето се очекува од утре, а за викендот во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Од недела ќе дува засилен северен ветер и ќе има опаѓање на температурата, соопштуваат од УХМР.