Шестиот по ред „национален протест“на албанската опозиција е закажан за вечерва в о 19 часот пред Владата во Тирана од која се бара оставка на кабинтот на премиерот Еди Рама и распишување предвремени избори.
Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, рече дека опозицијата нема да направи ни чекор назад во „битката за живот или смрт“ и ги повика албанските граѓани што помасовно да присуствуваат на протестот, кој е предвидено да трае четири часа.
Американската амбасада во Тирана, ги предупреди своите граѓани во периодот кога се одржува протестот да бидат внмателни, да ги следат локалните медиуми и да го избегнуваат подрачјето каде ќе се задржува и движи толпата.





