Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат од минус 8 степени на повисоките места, до минус 2 во пониските, а максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 0 и 9 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преволадува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се искачи до 5 степени.







