Неофицијално, несогласувањата ќе се „пеглаат“ на колегиум, далеку од очите на јавноста откако и денешната седница на Судскиот совет за избор на нов претседател – се одложи.
Нема објаснување, а обезбедувањето во институцијата излезе и ги извести новинарите дека седница нема.
Седницата беше закажана за 11 часот.
Минатата седница на којашто исто така требаше да се избира нов претседател на Судски совет, по контроверзното разрешување на Весна Дамева, се одложи, но јавноста беше информирана.
Минатата недела, дел од членовите на Советот на чело со заменикот претседател, Селим Адеми ја разрешија Дамева, според нив заради тоа што го криела писмото на амбасадорката на САД, Анџела Агелер и нарушените меѓучовечки односи.







