Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите во некои делови од земјата ќе се искачат над 40 степени. УВ зрачењето е 9. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 степен.
Максималната температура се движи од 30 до 41 степен во јужните делови од земјата.
Во Скопје сончево и многу топло време со температури од 18 до 39 степени.





