Претпладнево во 9.30 часот,на адресите на 16 училишта во Скопје и едно во Прилеппристигнала дојава за поставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Во текот на вчерашниот ден дојави за бомби имаше во 49 училишта и Заводот за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп.
По направените проверки се утврди дека станува збор за лажни дојави.
Вчера Министерството за образование препорача, учениците, по евакуацијата наставата да продолжи он лајн еден час по дојавите – толку колку што е потребно учениците да стигнат во своите домови.







