Денес на пладне во сообранието продолжува расправата  за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд.



Вчера пред 18 часот, претседателот на Парламентот Талат Џафери ја прекина седницата и закажа продолжение за денеска.

Во двата претходни дена, опозицијата изнесе мислење дека судијклата Кацарска не е соодветен предлог за уставен судија. Според нив, „ова е уште еден доказ“ дека продолжува мешањето на извршната во судската власт и дека премиерот Зоран Заев „продолжува да ги наградува успешните судии.“ Пратениците од опозицијата побараа предлогот за Кацарска да биде повлечен.

Пратениците од партиите на власт го бранеа предлогот, забележувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има најмалку право да говори за независно судство бидејќи, како што посочија, во време на нивното владеење, судството било донесено до најниското можно ниво.

Предлогот Кацарска да биде избрана за уставен судија доаѓа од Судскиот совет. Таа треба да дојде на местото на судијата Владимир Стојановски, чиј мандат е истечен.