Кризата со пасошите нема да заврши на денот кога ќе пристигнат 100 илјади примероци од Германија.
Во моментот за патна исправа чекаат над 20.000 граѓани но се очекува да расте и во наредниот месец, пишува Алсат.
Во Секторот за полициска администрација има капацитет да се обработуваат околу 3.000 примероци на ден. Но, невозможно е толкав број на пасоши брзо да се распределат зашто Секторот за внатрешни работи во Скопје може да бидат распределени 700 пасоши во еден ден.
Човечкиот капацитет на државните службеници е уште помал во другите градови.
Но, заменик министерот Нухиу рече дека ова би можело да се реши за неколку дена.
За разлика од Нухиу, техничкиот министер Чулев рече дека ќе бидат потребни неколку недели за сите пасоши да им бидат дадени на граѓаните.




