Австралиската влада објави одговор на 13 страници на жалбата на Новак Ѓоковиќ до Федералниот суд во Мелбурн кој ќе заседава ноќва по средноеврепско време околу жалбата на тенисерот дека не му е дозволен влез во земјата.
Во одговорот на Владата се издвојуваат две значајни ставки, пренесуваат медиуми..
Првата е дека никој не му дава сигурност на некое лице дека неговото медицинско ослободување ќе биде прифатено.
„ Не постои јасно правило или сигурност дека странец може да влезе во Австралија. Има критериуми според кои ние го одобруваме и имаме свои причини за одбивање виза. Никој не го уверувал лицето дека ќе му биде прифатено медицинското ослободување“, пишува во образложението.
Втората ставка е особено интересна:
„Доколку судот донесе одлука обвинетиот да биде ослободен од карантин, ние сепак можеме да го ставиме во притвор, без разлика на одлуката на судот. Одлуката на судот да го ослободи не гарантира дека властите на Комонвелтот нема повторно да го приведат“, се вели во образложението на австралиската влада.,







