И чешката православна црква ја призна МПЦ-ОА како „Црква во с.Македонија“

Светиот синод на Црквата на Чешката Репубика и на Словачка одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокстајмс“.



Преткодно Синодот на Романската православна црква ја призна МПЦ-ОА под името „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на С.Македонија“.

И Романската православна црква ја призна МПЦ-ОА

„Информирани сме за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј за обновувањето на евхаристичката заедница со епархиите на Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфирије за реинтеграција на Црквата во с. Македонија во канонската структура на Православната црква на Србија и за давање автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Томосот на 20 мај 2022 година“, се вели во објавата на Светиот Синод на Црквата на Чешката Репубика и на Словачка.