Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот, кој на Самитот на НАТО во Букурешшт пред 10 години повика Македонија да стане членка на Алијансата заедно со Хрватска и Албанија, прерку писмо го повика македонскиот народ да излезе на 30 септември и да гласа „за’ на референдумот.
„Ги повикувам сите граѓани на Македонија да учествуваат во носењето на оваа историска одлука и да гласаат на националниот референдум на крајот од овој месец. После една деценија на пречки, сега ја имате моќта да напишете една нова и понадежна приказна за вас, за вашите деца, за вашите соседи и за вашата земја “, вели Буш во писмото, нагласувајќи дека со нетрпение го очекува денот кога САД гордо ќе и посакаат добредојде на Република Северна Македонија како најнов сојузник и 30-та членка на НАТО, пренесува “Гласот на Америка“.





