Како и во Бугарија, старо-новиот претседател Румен Радев остварил убедлива победа над својот конкурент Анастас Герџиков и кај Бугарите во Македонија.
На седумте избирачки места во Скопје, Битола, Штип, Струмица, Кавадарци, Прилеп и Охрид за Радев се определиле вкупно 205 гласачи наспроти 123 за Герџиков.





