Најголемиот број на пензионери во Здружението на пензионери во Битола кое што брои 18.000 членови, имаат минимални пензии со кои не можат да ги покријат основните трошоци за живот.



Тие синоќа излегоа на протест и најавија поддршка за големиот протест на пензионерите од сите градови кој се најавува за понеделник 14-ти август во Скопје.

На плоштадот „Магнолија“ излегоа на протест барајќи минималната пензија да изнесува 18.000 денари, а зголемувањето на пензиите од септември да биде линерно по 8.000 денари за секој пензионер и тие средства да влезат во основицата на пензиите.

Пред присутните се обрати Дано Чолаковски, претседател на иницијативниот одбор за свикување на протесниот собир.

„Пензиите знатно заостануваат во однос на зголемувањето на животните трошоци. Просечната плата има далеку поголем пораст во спотредба со просечната пензија и од тука се јавува разликата во животниот стандард.

Со ваквиот пораст на пензиите, пензионерите ни оддалеку не се во можност да ги покријат трошоците за живот, посебно оние со пониски пензии, па и оние со просечните…