Премиерот и поретседател на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека на локалните избори ќе продолжи партнерството со коалициониот партнер во владата – БЕСА.



„Со претседателот на БЕСА Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ“, напиша Заев на Фејсбук.

Пред една недела генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа изјави дека неговата партија нема да се приклучи кон евентуалната коалиција на СДСМ и ДУИ за локалните избори, и дека се подготвуваат на изборите да настапат сами.

Како партија, нагласи тој, ценат дека нивното присуство во Владата направило разлика и сакаат таа разлика да се отслика во гласови и реално како политичка партија да видат како ќе биде оценето нивното десетмесечно учество во извршната власт.