Од партијата БЕСА, коалиционен партнер во Владата, не гледаат причината за формирање широка влада најавена од премиерот Зоран Заев.
Премиерот во саботата најави дека е подготвен на дијалог со опозицијата за влегување во Владата.
„Не гледаме причина за широка влада за која пред два дена зборуваше Заев. Таква влада треба само кога има криза. Засега мнозинството е стабилно“, изјави Катриот Реџепи од БЕСА.
Меѓутоа како партија и натаму немаат официјален став. Реџепи рече дека ако дојде до формирање на таква влада, ќе се одлучува во партијата.






